На површина од 300.000 метри квадратни, проектот предвидува четири блока, околу 1.000 станови во 20-катни згради, канцеларии, трговски центар, простор за културни активности, места за јадење и пиење, паркинг,…Според менаџментот на компанијата, во текот на изградбата месечно ќе се ангажираат по 700 лица, а по завршувањето на комплексот ќе бидат вработени 2.000 до 2.500. Во градежните активности ќе бидат вклучени македонски фирми и набавката на потребните материјали ќе се врши од домашни компании.

Целосната реализација на проектот треба да биде заокружена за 2,5 до три години. Притоа, постоечката зграда на Музејот на Град Скопје, воопшто нема да се наруши и ќе биде вградена во рамки на комплексот. /МИА