Обичните луѓе мислат дека овој проект ќе го блокира свежиот воздух кој доаѓа од Планината Водно. Исто има коментари дека овој проект ќе го затвори градот целосно, правејќи го похаотичен и преполн град.
Тезата дека зградите на Limak Diamond Skopje ќе го блокираат протокот на воздух е сосема погрешно. Тие се дизајнирани и ќе бидат изградени на начин што нивната позиција нема да го наруши протокот на воздухот воопшто.
Нашиот проект е финалист на престижни познати награди, дизајниран е да донесе урбан, модерен и современ изглед во овој дел од градот кој долго време бил напуштен.
Центарот на Скопје со градбата на Limak Diamond Skopje ќе стане целосен во урбанистички поглед, како и што прилега на овој важен град за оваа област. Град со историја, култура и од големо значење за луѓето кои живеат тука.
Лимак е во согласност со највисоките стандарди за градба. Применува методологија за работа која ги почитува еколошките и градежните процедури, а во исто време грижејќи се за нормалниот урбанистички активности кои се одвиваат во неговата близина. Градежното место и градбата се во самиот центар, и можат да бидат видени од секого, што често може да створи непријатно чувство, но градот треба да се развива, да се урбанизира. Се надеваме дека работите ќе бидат завршени брзо, и ќе добиеме дел од Скопје на кој што сите ќе бидеме горди.
Дали Лимак ќе се придржи до договорот прво да изгради подземна сообраќајница а потоа да гради над површината?
Лимак има потпишано договор со градот Скопје во врска со градење на подземен тунел откако беше доделен тендерот на Лимак. Условите за овој договор не се променети и нов договор не е потпишан. Лимак ќе ги исполни сите услови кои се прецизирани во овој оригинален договор. Според планот на градбата, физички не е можно да се градат канцеларии, трговски ценатр, паркигнзи и резиденции пред или без да се изгради подземната сообраќајница.
Според планот на градба на Лимак, подземната сообраќајница ќе биде првиот елемент од проектот на Лимак кој ке се гради на локацијата 1.1.
Колку е комплексна градбата на тунелот и четирите згради ? Кои сеизмички и архитектонски стандарди ќе бидат применети, земајќи во предвид фактот дека Скопје е во област на високо ризична земјотресна зона ?
Ние сме свесни за трагичните искуства на Скопје од големи земјотреси во минатото. Часовникот на Градот Скопје константно не потсетува на ужасните штети кои градот ги доживеа во земјотресот во 1963 година. Во фазата на дизајнирање, Лимак работеше со најдобрите цивилни-структурни инженерски компании од Турција и исто така со Институтот ИЗИИС од Македонија со цел да се се применат и спроведат сите сеизмички, структурни и архитектонски стандарди на Македонија, каде што жителите на Limak Diamond Skopje би живееле безбедно од поголеми земјотреси во иднина.
Лимак ќе примени напредна технологија во овој проект. Првиот дел на планот за градба на Лимак е подигање на на дијафрагма ѕидови околу сите места на проектот. Оваа ѕид дијафрагма ќе биде повеќе од 17,000м2 во површина , додека нашите столбови ќе бидат повеќе од 15км во должина и 16+ метри во длабочина. Sидот исто така ќе биде изолиран за да ја држи подземната вода надвор од градежната зона и подземните елементи по заршувањето на градежните работи.
Подземната сообраќајница ќе биде завршена во втората половина на 2020. Сепак, Градот Скопје ќе треба да ги заврши нивните градежни обврски кои што треба да бидат комплетирани надвор од градежните земјишта на Лимак за подземната сообраќајница да биде функционална.
Иднината на Старата Железничка станица , сега Музеј на Град Скопје, сеуште не е јасна. Дали ке биде реконструирана, или пак ќе стане дел од вашиот проект во модерен стил ?
Зградата на Музеј на Градот Скопје е вон рамките од нашиот проект. Лимак нема никакви обврски да ја реконструира оваа зграда. Очекуваме оваа зграда да биде реновирана од страна на Министерството за Култура и градските власти. Исто така, веруваме дека естетски ќе биде синергизирана со нашиот проект.
Дали е вистина дека проминентни политички фигури побарале вашиот проект да биде во барок стил ?
Архитектот на нашиот проект, Господин Али Осман Озтурк, е светски препознаен Турски архитект. Неговиот артистички дизајн е доста модерен како што може да се види од сликите. Лимак проектите немаат згради во барок стил.
Кога проектот ќе биде завршен ?
Со градежна површина од преку 300,00м2, инкорпорирајки повеќе различни типови на намена (и.е тунел, шопинг центар, резиденцијални згради, канцеларии, хотел и казино) во централната локација на градот, Limak Diamond Skopje е доста сложен проект. Нашата цел е да се завршат градежните работи на време, а тоа ќе го исполниме со добро навремено планирање со кое што би ги достигнале нашите цели. Ќе изградиме проект со кој што градот Скопје ќе се гордее !